Тоше меѓу 10 најемитувани пејачи во Хрватска!

11. ју­ни 2007. - Ко­га се уба­во ќе се иза­на­ли­зи­ра, по три­ум­фал­на­та по­бе­да на То­ше Про­е­ски на Хвар, во фи­на­ле­то на Хр­ват­ски­от ра­ди­ски фе­сти­вал, со пес­на­та Ве­жи ме за се­бе (му­зи­ка и аранж­ман Ми­ро Бу­љан и текст Ан­то­ни­ја Шо­ла), мо­же­ме да кон­ста­ти­ра­ме де­ка тој е ап­со­лу­тен по­бед­ник на нај­пре­стиж­на­та хр­ват­ска му­зич­ка ма­ни­фе­ста­ци­ја. Име­но, То­ше ја освои нај­пре­стиж­на­та фе­сти­вал­ска на­гра­да – Гран При во ка­те­го­ри­ја­та на поп-рок и ур­ба­на му­зи­ка, по­тоа на­гра­да­та за нај­до­бар поп-рок из­ве­ду­вач од чи­та­те­ли­те на вес­ни­кот 24 ча­са, а ту­ка се и приз­на­ни­ја­та за најс­лу­ша­на пес­на на бо­сан­ско­то ра­дио М, Ска­ла ра­дио (Ко­тор) и ста­ни­ца­та С од Ср­би­ја. Ус­пе­хот на То­ше е уште по­го­лем до­кол­ку се има пред­вид де­ка прв­пат во исто­ри­ја­та на фе­сти­ва­лот по­бе­да­та оди во ра­це­те на из­ве­ду­вач кој не е од Хр­ват­ска.
И, уште ово. Спо­ред ста­ти­сти­ки­те, То­ше е ме­ѓу де­сет­те нај­е­ми­ту­ва­ни пе­ја­чи во Хр­ват­ска, што е огро­мен ус­пех, со ог­лед де­ка хр­ват­ска­та сце­на е мно­гу сил­на.
Че­сти­та­ме!